МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Спорт
Алегри по поразот од Рома: Ваквите натпревари немаат никаква смисла

Алегри по поразот од Рома: Ваквите натпревари немаат никаква смисла

понеделник, 13 мај 2019, 09:22ч.   |   Xh.I.

Рома синоќа на „Олимпико“ во Рим го совлада Јувентус со 2:0.

Јувентус одигра добро во првиот дел, но не ги искористи своите шанси, а Рома во продолжението дојде до победата. „Волчицата“ поведе во 79. минута кога Флоренци погоди за 1:0, а во 92. минута Един Џеко се запиша во листата на стрелците и ја потврди големата победа на Рома.

Римскиот тим му го нанесе само третиот пораз на Јувентус оваа сезона во Серија А, а тренерот на „Старата дама“ Масимилијано Алегри по натпреварот немаше премногу причини за задоволство.

„Натпреварите како овој немаат никаква смисла. Одигравме добро, но пропуштивме премногу шанси по последното додавање. Направивме осум, девет шанси во првото полувреме само така и јасно е зошто на крајот овој натпревар нема смисла“, изјави Алегри.

Тренерот на Јувентус по ова се осврна и на својата иднина во Торино.

„Се уште имам една година од договорот да ја одработам, но важно е да се анализира оваа година и да се насочиме кон следната сезона. Места за грешки ќе има уште помалку и уште потешко ќе доаѓаме до победи дури и во лигата“, додаде Алегри.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.