МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Спорт
Флоренци даде објаснување за својот необичен инцидент со Роналдо и откри зошто избувнал

Флоренци даде објаснување за својот необичен инцидент со Роналдо и откри зошто избувнал

понеделник, 13 мај 2019, 09:21ч.   |   Xh.I.

Алесандро Флоренци со голот во 79-та минута го скрши Јувентус на „Олимпико“ и ја најави драгоцената победа на Рома во битката да се стигне до четвртото место, но пред да се случи ова, имаше еден необичен и несекојдневен инцидент со најголемата ѕвезда на гостинскиот тим.

Капитенот на Рома влезе во клинч со Кристијано Роналдо кој му се потсмеваше на неговата висина во моментите кога беа близу еден до друг, а останатите играчи на двата тима спречија поголем инцидент бидејќи Флоренци беше навистина многу испровоциран од Португалецот. Бекот на Рома по мечот со ладна глава ја искоментира оваа ситуација, а на новинарите им откри зошто бил толку лут и избувнал во конфронтацијата со Кристијано.

– Ние двапати ја исфрливме топката од игра за еден играч да добие третман од лекарите, а тој на двапати не ја прекина играта и продолжи да игра. Ние можевме да имаме опасна контра преку Коларов во првиот дел, но ние ја исфрливме топката од игра бидејќи сме фер луѓе. Тој е „Златна топка“ и мисли дека има право да прави што сака на теренот. Признавам дека имам кажано лоши работи и правам глупости на теренот, но сето тоа останува таму. Немам што да додадам, – порача Флоренци по победата на Рома од 2:0.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.