МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
Надвор „блескави“, внатре нереформирани

Надвор „блескави“, внатре нереформирани

понеделник, 13 мај 2019, 12:51ч.   |   Xh.I.

Наспроти успесите кои аналитичарите ги посочуваат на надворешен план, внатре во земјава, според нив, недостасуваат сериозни реформи особено во две области- владеење на правото и економијата.

Четворица претседатели, двајца министри за надворешни работи и двајца заменици министри за надворешни работи присуствуваа на инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски. На првата инаугурација на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, пак, присуствуваа четворица претседатели од регионот, а на втората негова не дојде никој од нив.

По решавањето на спорот за името со Грција во земјава допатуваа многу високи личности меѓу кои последен е папата Франциск, што од аналитичарите се толкува и како признавање за надворешниот напредок на државата.

Но, истовремено на внатрешен план, власта трпи сериозни критики. Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, за да се подобри работата неопходни се кадровски промени, но како што нагласува на сите нивоа. Тој смета дека во процесот на реформи не треба да бидат вклучени само неколку министри и премиерот Зоран Заев, туку како што вели сите, вклучително и пониските ешалони во системот.

“Оваа добра меѓународна позиција треба да ја одржуваат, не треба да се изгуби моментот, а финалната посета беше на папата Франциск, што ја стави државава на светската мапа. Сега е време кога треба да се забрзаат реформските процеси и промените во администрацијата”, вели Муслиу.

Митко Гаџовски, политиколог од Факултетот за општествени науки сугерира две области во кои е итно да се направат брзи решенија за да се постигнат и резултати поскоро.

“Прва е владеењето на правото, втора е економската политика на земјата. Во овие две области ќе мора да се покажат значителни резултати за граѓаните да почуствуваат дека имаат подобар квалитет на живот. Подобрувањето на стандардот може да имаат само со функционирање на правната држава и добри економски и финансиски политики ” вели Гаџовски.

Што се однесува до економскиот сектор една од клучните критики е континуирано слабата реализација на капиталните инвестиции, а економистите сметаат дека тоа се должи на планирањето и на лошата техничка реализација.

Инаку, за околу две недели, владата предводена од Заев ќе наполни две години. Тој на функцијата стапи на први јуни 2017 година, а истиот месец идната 2018 година, беше потпишан Договорот од Преспа, кој го овозможи членството на Северна Македонија во НАТО и го забрза процесот на европско интегрирање. Но, поради немотивираноста на гласачите да излезат во првиот круг од претседателските избори, Заев ја најави операцијата “метла” од која сега се очекува да се заменат фукнционерите кои не ја извршуваат работата добро./РСЕ

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.