МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Регион
Рама: Албанците во Албанија и на Косово се браќа и треба да се обединат

Рама: Албанците во Албанија и на Косово се браќа и треба да се обединат

понеделник, 13 мај 2019, 16:38ч.   |   Z.H.

 Албанците во Албанија и на Косово се браќа кои сега живеат во две различни држави и треба да се обединат, изјави албанскиот премиер, Еди Рама.

 
Како што пренесува српски „Блиц“, во интервју за телевизија „Пинк“, Рама рекол дека на тоа обединување гледа како на дел од патот кон ЕУ. Албанскиот премиер тврди дека се залага за регион без граници.
 
– Не сакам граници со Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Треба да работиме заедно за да овозможиме тоа да се случи –  изјави Рама.
 
Според него, Србија мора да се соочи со реалноста и да признае дека Косово е независна и слободна држава.
 
– Потребата за помирување е неминовна и колку повеќе Србија продолжува да верува дека ова е само сон кој не се случил, или дека тоа може да се спречи, ќе биде поболно за сите – смета Рама.
 
Рама во интервјуто истакнал дека никогаш не зборувал за т.н. Голема Албанија и дека тоа е термин дизајниран за да се користи против Албанците. Албанскиот премиер рекол дека верува оти Србите и Албанците можат да го направат за Балканот она што Франција и Германија го направиле за Европа. Таксите наметнати од приштинските власти во однос на српската стока, Рама ги смета за политички крик.
 
– Од двете страни бев обележан дека сум направил нешто лошо. Така бев означен од моите пријатели на чело со Рамуш и од другата страна во Белград. Ниту канцеларката, ниту, пак, претседателот на Франција, ниту јас не се залагаме за укинување на таксите, туку за нивно суспендирање со цел да се овозможи можност за ново поглавје од дијалогот – изјави Рама во интервју спроведено по самитот во Берлин, а во пресрет на состанокот на Брдо-Бриони во Тирана.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.