МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Шоубиз
Почина хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ

Почина хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ

недела, 12 мај 2019, 12:25ч.   |   L.E.

Хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ почина во болницата во Сплит од цироза на црниот дроб.

Во деведесеттите години, се прослави со песната „Дај ми вино“, која ја сними со групата „Дар – Мар“. Песната беше голем хит во целиот регион. По распадот на бендот, овој пејач од Сплит ја започна својата соло кариера, но наскоро ја напушти сцената поради смртта на мајка му и здравствените  проблеми на сестра му.

Освен што се занимавал со пеење, тој бил и сопственик на едно мало кафуле во Сплит. Веста за неговата смрт ја потврди и неговата најдобра пријателка, тамошната пејачка и водителка Џана Апостолски:

„Јас сум во шок цел ден. Тој беше добар човек и голем талент, но се’ му тргна наопаку и не успеа во она што најмногу го сакаше. Постојано беше сам, а неговата сестра почина пред две години. Се повлече, се затвори самиот во себе и му се препушти на алкохолот. Жалам што ретко му  се јавував. Тој секогаш ќе се јавеше и ќе прашаше како сум, како се сите, а денес сите сме толку зафатени и брзо живееме. И сега повеќе никогаш нема да можам да го слушнам“ – изјавила таа низ солзи.

Карло пред четири години бил во врска со Фани Чапалија, поранешната хрватска мисица, но таа врска не успеала и не траела долго. Пред тоа, тие биле пријатели, а во добри односи останале и по раскинувањето. Текстот Почина хрватскиот пејач Карло Јурчевиќ е превземен од Reporter.mk.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.