МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Шоубиз
Погледнете ја втората проба на Тамара во Тел Авив

Погледнете ја втората проба на Тамара во Тел Авив

недела, 12 мај 2019, 12:18ч.   |   L.E.

Тамара Тодевска денеска имаше втора проба на големата сцена EXPO во Тел Авив каде што ќе се одржи 64. Евросонг, а таа со песната „Proud“ ќе настапи претпоследна на втората полуфинална вечер, на 16 мај.

– Сите сме горди со сработеното и ја очекуваме вашата поддршка на 16-ти, а се надевам и на 18-ти – изјави Тамара која денеска имаше и прес-конференција.

Нејзиниот тим соопшти дека изведбата на баладата била суптилна и впечатлива, а Тамара добила аплаузи во салата и во прес-центарот.

– Акредитираните новинари со внимание го проследија настапот на македонската претставничка. Не помал беше и интересот на прес-конференцијата на која голем број од новинарите се интересираа за деталите поврзани со нашата претставничка и песната со која ќе настапи – соопшти нејзиниот тим на годинашниот „Евросонг“.

Македонската радио-телевизија директно ќе ги пренесува трите вечери од натпреварот – полуфиналните во вторник и в четврток (14 и 16 мај) и финалната идната сабота (18 мај)./netpress.com.mk

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
Елена Велевска: Се е вистина и дека сум трудна по четврти пат!
Ќерката на Кили трудна во бикини
Дара Бубамара го достигна врвот, речиси гола пристигна на свадба
Македонската Кардашијан ги провоцираше Грците со своето секси тело (Фото)
Пријовиќ тазе туширана скубе веѓи на тераса
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.