МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Култура
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“

Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“

недела, 12 мај 2019, 12:17ч.   |   L.E.

Со изведба на четири монодрами во Центарот за култура, денеска продолжува Интернационалниот фестивал „Битола 2019“.

Според програмата, натпреварувачкиот дел ќе го отвори актерот од Молдавија Лазар Јана, кој во 18 часот ќе ја одигра монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ чиј автор Зиновиј Сагалов, а режисер Марија Паљмицкаја. Веднаш потоа на сцената ќе настапи актерот од Театар Монплезир во Санкт Петербург, Игор Ларин кој ќе ја изведе монодрамата „Забелешки на покојникот“ од Михаил Булгаков.

Во вечерната програма ќе бидат изведени и монодрамите на актери од Црна Гора и Монголија. Слободан Маруновиќ ќе ја изведе монодрамата „Последниот час на Његош“, а Бајасгалан Церендор ќе ја одигра „Јас сум Едит Пјаф“.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2019“ завршува утревечер со доделување на наградите за кои одлучува меѓународно стручно жири предводено од Ментор Зумберај, театарски режисер од Косово./makpress.mk/

 

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.