МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Технологија
Motorola One Vision на нови рендери

Motorola One Vision на нови рендери

недела, 12 мај 2019, 12:14ч.   |   L.E.

Motorola кон средната на идната недела, на 15. мај ќе го претстави новиот смартфон – One Vision. По добриот стар обичај, пред некој ден пристигнаа свежи рендери и целосните спецификации.

Добра вест е дека новите рендери не откриваат ништо ново, што значи дека досегапните гласини за овој смартфон. Од предната страна ќе се наоша поголем екран со доста тенки рамки од страна. Селфи камерата ќе биде во рамки на екранот, и ќе биде сместена од левата страна. Од задната страна исто така нема изненадувања – две камери, блиц и скенер на отпечатоци од прсти.

Motorola со овој модел одлучи да ги спои старите и новите технологии. И покрај постоењето на USB-C порт, производителот одлучи да го задржи и 3,5-милиметарскиот аудио порт, со што осигура поддршка за постарите модели на слушалки. Левата страна на уредот открива дека ќе биде можно накнадно да се прошири просторот за складирање со мемориска картичка.

Motorola One Vision ќе има 6,3 инчен екран со формт на страници 21:9, поради што и се нарекува CinemaVision. Резолуцијата на екранот е 2520 x 1080 пиксели, а густината на пиксели 432 ppi. Иако не се работи за флегшип модел, Motorola One Vision ќе има дури 128 GB интерна меморија. One Vision ќе го покренува Samsung чипсет од сeријата Exynos. Се работи за 8-јадрениот модел 9609, кој всушност е Exynos 9610, на кој му е намалена брзината од 2,3 на 2,2 GHz. За флуидна работа на оперативниот систем и корисничките апликации ќе се погрижи RAM меморијата од 4 GB. Софтверската страна на уредот ќе го сочинува Android 9.0 Pie во Android One верзија./vesnik.com

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.