МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Технологија
Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024

Џеф Безос го претстави Леталото со кое планира да однесе луѓе на Месечината до 2024

сабота, 11 мај 2019, 12:06ч.   |   L.E.

Вселенската трка на технолошките милијардери се загрева.

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос објави дека планира да однесе луѓе на Месечината до 2024 година и за таа цел претстави прототип на ново летало. „Блу мун“, со кое нема да управува човек, ќе може да превезува и научни инструменти, сателити и возила.

„Време е да се вратиме на Месечината и овојпат ќе останеме таму“, кажа Безос.

Со „блу мун“ нема да управува човек (Фото: Ројтерс)

Најбогатиот човек на светот ги најави своите планови за изградба на лунарна база на конвенција во Вашингтон, на којашто присуствуваа потенцијални купувачи и официјални лица од НАСА.

Леталото „блу мун“ ќе има доволно гориво за пат од Земјата до Месечината и ќе биде придвижувано од нов ракетен мотор наречен БЕ-7. Тоа ќе може да однесе 6,5 метрички тони товар, што ќе овозможи да се постават основи на идни човечки мисии.

„Компанијата ‘Блу ориџин‘ ја развива оваа технологија три години“, кажа Безос.

Планот е „блу мун“ да слета на јужниот пол на Месечината, кадешто се пронајдени ледени наслаги во кратери. Водата добиена од мразот ќе може да се искористи за производство на хидроген, што потоа ќе може да се користи како гориво за натамошни мисии во нашиот Сончев систем./smart.sdk.mk

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.