МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Економија
НБРМ: Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции

НБРМ: Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции

сабота, 11 мај 2019, 12:26ч.   |   L.E.

Забрзувањето на процесот на интегрирање во Европската Унија и членството во НАТО може да донесе бројни придобивки за нашата економија. Искуствата на економиите кои веќе минаа низ овој процес покажуваат дека зголемувањето на извесноста за побрзо приклучување во ЕУ е исклучително важен и позитивен сигнал за перспективите на една економија каква што е нашата. Тие посочуваат дека овој процес делува врз забрзување на нето-приливите од странски инвестиции, кои во одредени години достигнуваат во просек и близу 8 отсто од БДП, информираат од Народната банка.

Конкретно, како што посочуваат од НБ, искуствата на дел од земјите од регионот, кои веќе се членки на европското семејство потврдуваат дека самиот процес на приближување кон ЕУ е важен механизам за побрзо и поефикасно зајакнување на фундаментите на економиите и намалување на нивните премии за ризик.

-Во текот на процесот, перцепциите на инвеститорите за овие земји значително се подобруваа, давајќи импулс за поголеми странски директни инвестиции во попродуктивни сегменти, обезбедувајќи со тоа побрз економски раст, како и реална конвергенција и поголема отпорност на економиите на шокови. Иако специфичностите на економиите во секоја од овие земји не се идентични, и иако глобалното окружување во периодот на нивната интеграција во ЕУ беше поповолно од денешното, нивните искуства се показател за потенцијалните поволни ефекти врз инвестициите и растот, коишто забрзувањето на процесот на интеграција во ЕУ може да ги донесе за македонската економија, велат од Народна банка.

Оттаму оценуваат дека доколку дојде до забрзување на евроинтегрирањето на нашата земја, согласно овие искуства, може да се очекува повисок прилив на странски директни инвестиции кај нас, а тоа би довело и до бројни позитивни ефекти врз повеќе сегменти на нашата економија. Поради мултипикативниот одраз кој го има повисокиот прилив на странски инвестиции, позитивните ефекти би се почувстувале не само во екстерниот, туку и во монетарниот и во реалниот сектор – во економијата во целина.

Истовремено, искуствата од регионот покажуваат дека во просек, странските директни инвестиции како процент од БДП се удвојуваат по влезот на земјите во НАТО, достигнувајќи и двоцифрено учество во БДП кај некои економии.

-Mожностите за забрзување на евроатлантските интеграции не се вградени во најновото макроекономско сценарио на Народната банка. Доколку се остварат овие можности, како и доколку и оваа година продолжи трендот на висок прилив на странски директни инвестиции од минатата година кога беше достигнато ниво од речиси 6 отсто, Народната банка ќе ги ревидира своите проекции во нагорна насока, велат од Народната банка./lokalno.mk/

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.