МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Ретроспективи и авторски програми во мај и јуни во Кинотека

Ретроспективи и авторски програми во мај и јуни во Кинотека

среда, 01 мај 2019, 11:16ч.   |   L.E.

Кинотеката ја објави програмата за мај и јуни во која најавува спектар од интересни автори и настани, како и неколку значајни ретроспективи. На почетокот на мај ќе има филмови во рамки на Деновите на руски филм, а по повод Денот на победата, како и „Оберхаузен патува: ретроспектива на Фестивалот на краткометражен филм“ со дваесетина наслови од најновата продукција на кратки филмови.

Од 9 до 16 мај ќе се одржува 9. Филозофски филмски фестивал, кој ќе почне со филмот „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс. Филмовите од ревијалната програма на овој фестивал ќе бидат проследени со разговори со интелектуалци и филозофи.

Овој месец во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм, а од 31 мај до 4 јуни со седум играни филма ќе биде опфатен пресек од опусот на Рајко Грлиќ, еден од најзначајните филмски автори на ексјугословенската и хрватската кинематографија. Ќе бидат прикажани филмови од неговите почетоци како протагонист на прашката школа – до неговите остварувања во последнава деценија.

– Филмската програма на Кинотеката за мај и јуни се движи, по обичај, меѓу класичните кинотечни наслови и новите тенденции во европската и светската кинематографија. Но, не е заборавена ниту домашната продукција. Напротив, во стандарните термини за долгометражните играни филмови ќе може да се видат десетина краткометражни филмови од македонски автори, продуцирани во последниве две години, соопшти Кинотеката.

На кинотечната програма за мај и јуни се и филмови на потврдени автори, како Фатих Акин, Кен Лоуч, Павел Павликовски, Франсоа Озон, Горан Паскаљевиќ./republika.mk

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.