МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Резултати: Очекувајте долга и издржлива батерија со 4G Samsung Galaxy Note 10 Pro!

Резултати: Очекувајте долга и издржлива батерија со 4G Samsung Galaxy Note 10 Pro!

среда, 01 мај 2019, 11:13ч.   |   L.E.

Додека голем дел од фановите со нетрпение го очекуваа претставувањето на S10 серијата, останатите со нетрпение чекаат друга Samsung Galaxy линија која ќе биде најавена до крајот на годината..

Како и сегашната линија на Samsung, и оваа идна серија го има бројот 10 во името. Galaxy S10 5G? Не, станува збор за Samsung Galaxy Note 10.

Имено, Galaxy Note беше првиот смартфон од поголема компанија кој доаѓаше со 5 инчен дисплеј. Но, големиот екран не е тоа што ги привлекуваше корисниците кон овој уред, туку S Pen пенкалото. Oваа година, прв пат ќе видиме дури 4 различни Note 10 модели, два со 4G и два со 5G технологија. Нивните екрани ќе бидат 6.3 и 6.7 инчни.

Во внатрешноста на една од овие Galaxy Note 10 верзии, која ќе има 4G технологија, ќе има батерија со капацитет од 4500mAh - 13% поголема од онаа во Note 9. Истотака, станува збор за истата батерија која се наоѓа во 5G Galaxy S10 моделот. Нормално, ќе поддржува и брзо полнење.

Новите Note модели ќе бидат претставени во август. Најскапата Pro верзија ќе доаѓа со шест камери. Четири од нив ќе се наоѓаат на задната страна, а две на предната. Обичната Note 10 верзија ќе има пет камери. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 855./gsm.mk/

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.