МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Xроника
Патник во автобус тешко повреден, девет сообраќајки вчера во Скопје

Патник во автобус тешко повреден, девет сообраќајки вчера во Скопје

петок, 10 мај 2019, 09:56ч.   |   L.E.

Скопје, 10 мај- Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач за не давање првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, тројца за не носење заштитен шлем и 11 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 14 лица, од кои 12 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и 12 нерегистрирани возила. Затекнати биле 84 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 69 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ во ЈУДГ „25 Мај“ објектите „ Пони “ и „Морковче“ на подрачјето на општина Гази Баба
 

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.