МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
Чавков не можеше да се сети дали тој издал наредба да се апси Бошкоски

Чавков не можеше да се сети дали тој издал наредба да се апси Бошкоски

петок, 10 мај 2019, 15:36ч.   |   Xh.I.

Поранешниот прв човек на УБК, Митко Чавков не се сеќава дали тој издал наредба да се апси Љубе Бошкоски, ниту се сеќава дали во периодот на 2001 година Одделот за организиран криминал на кој бил началник можел да снима во затворени простории, ниту пак знаеше кој снимал за време на апсењето на Бошкоски. Како сведок во постапката за „Тортура" , Чавков откако даде заклетва и се претстави, на голем број од прашањата на обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе одговори со „Не се сеќавам" и дополни дека од периодот за кој го прашуваат до денес е поминато долго време.

Чавков се оградуваше од прашањата на СЈО упатувајќи го обвинителот на СЈО на адреса на јавниот обвинител кој во тој период ја водел постапката.

„ Како началник за организиран криминал наметнав практика, секое дејство што го презема одделот, секоја информација и за секое развивање на информацијата за одредено кривично дело, да се приклучи претставник од Обвинителството за организиран криминал. Не се сеќавам дали сум учествувал во апсењето на Бошкоски, ама тврдам дека во секој случај документирано е сè. Се сеќавам дека имаше посебни истражни мерки за Љубе, ама релацијата беше истражен тим – јавен обвинител кој раководеше со истрагата. Немав ниту намера, ниту овластување да се мешам", одговори Чавков.

На прашање на обвинителот Лапе, кој го снимал апсењето на Бошкоски, дали БЈБ или УБК, Чавков одговори дека не може да се сети.

„Не можам да се сетам, одамна беше. За овие детали може да знае обвинителот, документирање имаше за се, а во неколку наврати се работеше и за незаконско финансирање, а не знам дали БЈБ или УБК го прави тоа документирање. Понекогаш има и координација, но не можам да се сетам на тие детали. Не знам кој го снимал ова апсење, бидејќи во тој период имаше многу случаи на организиран криминал", одговори Чавков во својство на сведок.

Поранешниот шеф на БЈБ, Чавков беше прашан и дали тој издал наредба да се уапси Бошкоски, на што одговори дека не се сеќавал.

Прашање доби и дали ми се јавил на Ивица Анчевски-Пуки за да го лиши од слобода Бошкоски, но повторно рече дека не се сеќава и дополни дека организациски не е поврзан со него.

„Не можам да се сетам на такви детали, но тој период се поклопува со периодот за кој имам лекарска документација за интервенција во Систина. Ме прашувате за детали од пред 9 години", одговори Чавков.

Во „Тортура", поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите се обвинети за нечовечно постапување и омаловажување при апсењето на Љубе Бошкоски во тогашна истрага за незаконско финансирање на изборна кампања.

Чавков денес беше спроведен до судот од Истражниот затвор во Шутка каде ја чека правосилноста на пресудата за 27 април за што беше првостепено осуден на затвор од 18 години.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.