МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
Ќе биде ли Пендаровски инаугуриран в недела?

Ќе биде ли Пендаровски инаугуриран в недела?

петок, 10 мај 2019, 15:34ч.   |   Xh.I.

Додека се уште не е извесно дали избраниот претседател Стево Пендаровски ќе го добие уверението од Државната изборна комисија до недела, се прават подготовките за инаугурацијата. На неа, според најавите, ќе присуствуваат државници од регионот.

Неизвесна е инаугурацијата на избраниот претседател Стево Пендаровски в недела. Во ВМРО-ДПМНЕ на неколку часа до рокот за жалби до Управниот суд, кој истекува во 17 часот, велат дека се уште немаат решено дали ќе поднесат приговори до Управниот суд.

Претходно, опозициската партија поднесе 12 приговори до Државната изборна комисија која прифати четири за избирачки места во Радовиш, Шуто Оризари, Куманово и Сарај, но одлучи да нема прегласување оти тоа немало да влијае врз резултатите постигнати во вториот круг на претседателските избори.

Сега, по евентуалното поднесување на жалбите од ВМРО-ДПМНЕ, Управниот суд има уште 48 часа да донесе одлука, што би значело дека ако го искористи целиот рок кој му е дозволен, би требaло одлуката да ја донесе до недела попладне. Ова, пак, би значело дека Пендаровски може и да не го добие уверението за претседател в недела, па зависно од одлуката тоа може да му биде врачено в понеделник. Сепак, извори поврзани со изборниот процес, велат дека очекуваат Управниот суд да не го искористи целиот законски рок и да донесе одлука порано од можните предвидени 48 часа.

Мандатот на претседателот во заминување Ѓорге Иванов истекува в недела, на 12 мај, па инаугурацијата на Пендаровски е начелно планирана за в недела напладне. Во меѓувреме, се усогласува сценариото за настанот. Од она што е познато е дека тој по обраќањето во Собранието, ќе замине во кабинетот за да ја преземе функцијата од досегашниот претседател Иванов. Според досегашните најави, на настанот ќе присуствуваат и претседатели од земјите во регионот. Не се знае дали на евентуалната инаугурација в недела би присуствувал и премиерот Зоран Заев. Од неговиот кабинет утринава информираа дека од денеска до 14 мај тој користи слободни денови поради приватни причини.

Инаку, на првата инаугурација на Иванов во 2009 година присуствуваа претседатели од регионот, а на втората во 2014 година не дојдоа неговите колеги од балканските земји. Тогаш во Собранието на обраќањето на Иванов не присуствуваа ниту пратениците од СДСМ и ДУИ, првите оти ги сметаа изборите за нелегитимни, а вторите оти не успеаа со тогашните коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за консензуален кандидат за претседател.

Иванов сега го завршува вториот мандат, а денеска на последниот работен ден, како што информираа од Службата за општи и заеднички работи на Владата, испратил барање за да му бидат доделени канцеларии што ќе ги користи по престанокот на функцијата. Иванов веќе обезбедил и канцелариски простор, а барањето, како што наведуваат од службата ќе му биде одобрено. Тој, согласно законот, по завршување на функцијата, има право на пензија, канцеларија, лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
 

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.