МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Регион
Јагода или блади мери, нова дрога стопати појака од марихуаната во Србија

Јагода или блади мери, нова дрога стопати појака од марихуаната во Србија

петок, 10 мај 2019, 16:30ч.   |   Z.H.

 Во Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС.

 
Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по конзумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата.
 
Последиците се чувствуваат и наредните денови, а ефектот во континуитет трае шест часа.
 
Користењето на тие супстанци во светот е поврзано со зголемен број смртни случаи, но и самоубиства.
 
Јелена Јанковиќ од Комисијата за борба против дрога на Министерството за здравство вели дека се работи на ставање на оваа нова супстанца на листата на психоактивни супстанци.
 
– Има голем ризик од срцев удар, откажување на бубрезите, проблеми со дишење. Не знаеме точно под кое име се продава на улиците, бидејќи има преку 600 термини. Најчесто се среќава под името „јагода“ и „блади мери“. Важно е да се знае дека конзумирањето може да предизвика опасни последици по здравјето – истакна Јанковиќ.
 
Во Србија старосната граница за користење дрога е се пониска, поради тоа што Министерството за здравство предложи заострување на казнената политика за оние кои продаваат дрога на малолетници.

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Српски научник пронајде лек за рак
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.