МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
Словенија на папата Франциско ќе му подари кошница со пчели

Словенија на папата Франциско ќе му подари кошница со пчели

петок, 10 мај 2019, 14:30ч.   |   Z.H.

 На годинешното одбележување на Меѓународниот ден на пчелите, 20 Мај, чија централна прослава ќе се одржи во Рим во седиштето на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Словенија на Светиот Престол и на папата Франциско ќе им подари кошница со крањски пчели, соопшти во четвртокот словенечката влада.

 
Министерката за земјоделство, Александра Пивец, на прес-конференцијата изјави дека претставниците на нејзиното министерство и здружението на словенечките пчелари за време на прославата на Денот на пчелите во Рим исто така предвиделе посета на Ватикан, при што на папата Франциско ќе му подарат пчеларник со словенечки пчели.
 
Треба да се постави во градините на Ватикан и да биде подарок од Словенија за Светиот Престол, рече министерот.
 
Словенија беше меѓу главните иницијатори да се прогласи 20 мај за Ден на пчелите со цел да се укаже на важноста на овие инсекти за опрашување на растенијата, а со тоа и безбедноста на храната за човештвото.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.