МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
Брегу: Западен Балкан разединет тоне, обединет опстојува

Брегу: Западен Балкан разединет тоне, обединет опстојува

петок, 10 мај 2019, 13:30ч.   |   Z.H.

 Извозот од Западен Балкан во последните 10 години се зголемил за 142 отсто, а најголем дел бил пласиран во земјите членки на Европската унија, изјави вчера во Сараево Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), на годишниот состанок на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Брегу додаде дека слична е состојбата и со странските инвестиции. Тие имаат нагорен влезен тренд, наспроти излезниот, а најголемиот дел инвестиции доаѓаат од компании во Европа.
 
– Поделените пазари не можат многу затоа што се мали, секои со свои проблеми. Меѓутоа, заедно можат да бидат интересен пазар и затоа треба да бидеме свртени кон регионалната соработка, бидејќи токму со тоа ги одржуваме стабилноста, соработката и мирот во регионот, истакна Брегу.
 
Таа нагласи дека „во прилог на тоа зборуваат и две бројки од годинешното издание на Балканскиот барометар, истражување на јавното мислење и на бизнис заедницата што го спроведува РСС“.
 
– Имено, првпат во последните четири години повеќе од половина од граѓаните, 56 отсто, веруваат дека европската интеграција би ги подобрила нивните животи, а дури 70 отсто е бројот на оние кои веруваат дека тоа побрзо би се остварило преку регионална соработка, додаде Брегу зборувајќи на посебен собир што го организираа ЕБОР и Европската унија.

© ЖУРНАЛ    ~18,6

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.