МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
ЕУ со предупредување до Турција поради Кипар

ЕУ со предупредување до Турција поради Кипар

петок, 10 мај 2019, 12:29ч.   |   Z.H.

 Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, вчера од Сибиу ја повика Анкара да го почитува суверенитетот на Кипар и дека ЕУ од блиску ќе ги следи турските обиди за дупчење во кипарските води во потрага по нафта.

 
– ЕУ е обединета зад Кипар и очекува од Турција да ги почитува суверените права на земјата членка. Европскиот Совет ќе продолжи да ги следи од блиску настаните – предупреди Туск.
 
Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес, вчера ги брифирал земјите членки околу овие случувања и ја повикал Европската Унија да преземе санкции против лицата инволвирани во дупчењето на водите.
 
Кипар смета дека турските активности во нејзината ексклузивна економска зона се нелегални. Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека целосно го поддржува Кипар.
 
– Целосно го поддржувам ставот на претседателот на Кипар кој побара ова прашање да се потегне како европско прашање и истакнав дека ЕУ има посебен геополитички и стратешки интерес во зоната на источниот Медитеран – изјави Ципрас.
 
Кипар и Грција побараа од Турција да разбере дека нејзините потези се спротивни на меѓународното право и да се воздржи од провокации.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.