МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Македонија
Меморијална велисипедска тура за загинатите полицајци во Диво Насеље

Меморијална велисипедска тура за загинатите полицајци во Диво Насеље

петок, 10 мај 2019, 11:26ч.   |   Xh.I.

По повод годишнината од трагичните настани во кумановското Диво Насеље, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“, на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти на релација Куманово – Гостивар.

Турата ќе почне во 7 часот со старт од бензинската пумпа на „Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје, и тоа до гробиштата во с. Студеничани, „Камник“, с. Стајковци, гробиштата „Бутел“, касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде што ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, с. Брвеница“, во продолжение по автопатот до с. Зубовце (Гостивар) и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во неа од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекврентни крстосници.

Токму поради тоа, а со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива велосипедската тура.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.