МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Спорт
Триумфот на англискиот клупски фудбал во бројки и факти

Триумфот на англискиот клупски фудбал во бројки и факти

петок, 10 мај 2019, 11:19ч.   |   Xh.I.

Англискиот фудбал има историска сезона. По импресивната битка за титулата во домашниот шампионат, Премиер Лигата, исто така, постигна неверојатен успех и на европските турнири.

Две целосно англиски финалиња ќе стават точка во сезоната. По незаборавните пресврти и промени што ги направија, Ливерпул и Тотенхем ќе спорат за трофејот во Лигата на шампионите (1 јуни во Мадрид). Арсенал и Челзи пак се финалисти во Лигата на Европа (29 мај во Баку).

Кои се бројките и фактите зад овие историски резултати?

1 – За прв пат во историјата, четири екипи од една земја ќе играат во финалето на двата водечки европски клупски турнири.

3 – Три екипи од Лондон ќе спорат во две финалиња.

4 – Менаџерите на четирите екипи се од четири различни земји, но нема Англичанец. Јирген Клоп е Германец, Маурисио Почетино е Аргентинец, Маурицио Сари е Италијанец, додека Унаи Емери – Шпанец.

7 – Ова е седмото финале во Лигата на шампионите, кое спротивставува тимови од иста земја. По втор пат, Англија има две екипи во финалето (по 2008 година, кога Манчестер Јунајтед го победи Челзи). Во најмногу наврати (3) Шпанија има две екипи во решавачкиот натпревар.

8 – Тотенхем е осми англиски тим кој се квалификува за финалето на Лигата на шампионите (пред Купот на европските шампиони). Другите се Арсенал, Астон Вила, Ливерпул, Лидс, Манчестер Јунајтед, Нотингем и Челзи.

10 – Ова е десетти случај каде тимови од иста земја ќе спорат за трофејот во Лига Европа (претходно Куп на УЕФА). По втор пат англиските екипи се во финалето по првата сезона во турнирот во 1971-72 кога Тотенхем го порази Вулверхемптон. Италија е рекордер, откакочетири тимови од Серија „А“ биле финалисти.

12 – Вкупниот број трофеи што ги освоија овие англиски тимови на двата водечки турнири (Лигата на шампионите и Лигата на Европа). Ливерпул е петкратен европски шампион и три пати триумфираше на вториот по сила клупски турнир на Стариот континент. Арсенал не освоил ниту еден од двата турнири.

103 – Бројот на голови што четирите англиски тимови го постигнаа на патот до финалето оваа сезона. Челзи има 32, Арсенал е 29, Ливерпул е 22 и Тотенхем 20.

4.460 – Толку е и растојанието во километри од Баку до Мадрид, каде ќе се одиграат двете финалиња.

© ЖУРНАЛ    ~21,7

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.