МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Технологија
Honor 20 Pro: Спецификации на флегшип модел, но со двојно помала цена

Honor 20 Pro: Спецификации на флегшип модел, но со двојно помала цена

вторник, 09 април 2019, 11:14ч.   |   L.E.

 Кинеската компанија Honor при крајот на минатата година на пазарот го претстави смартфонот Honor View 20, кој за еден месец се продаде во 1,5 милиони примероци. Новиот адут на овој производител се нарекува Honor 20 Pro, а се очекува да биде официјално претставен на јавноста до крајот на месецов.

 

Според гласините кои доаѓаат од Кина, Honor премиерно ќе го прикаже новиот уред на 25 април.

Она по што би требало да се истакнува Honor 20 Pro e сензорот за камера наречен IMX600 на производителот Sony, кој исто така може да се најде во овогодинешниот флегшип модел на Huawei.

На задната страна на смартфонот на Honor би требало да се најде систем од три камери, од кои: една камера со сензор од 40 MP, една широкоаголна камера од 20 MP и една 8-мегапикселна камера со телефото леќа. Според досегашните информации, уредот ќе има 6,1-инчен OLED екран со сензор за отпечатоци од прст веднаш под него.

Honor 20 Pro ќе работи благодарение на чипсетот HiSilicon Kirin 980, кој се користи и во премиум моделите на Huawei, P30 и P30 Pro. На купувачите ќе им бидат достапни верзии со 6 и 8GB RAM, како и 128 и 256GB внатрешна меморија.

Овој модел би требало да биде новиот хит на Honor, баш поради цената. Тој ќе чини 450 долари, што значи дека ќе биде на пола цена од повеќето флегшип модели на пазарот.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.