МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Фетаи: СЈО ја книжи злоупотребата на Камчев со шетањето во Германија
Димитров во ФАЦ: Признајте го нашиот успех!
Здравје
Неверојатен лек: Мешавина од семиња и кисели јаболка

Неверојатен лек: Мешавина од семиња и кисели јаболка

недела, 07 април 2019, 11:13ч.   |   L.E.

Овој народен лек и додаток на исхраната е осмислен и испробан како комбинација од најдобрите ориентални состојки помешани со традиционалниот џем од кисели јаболчиња кој се прави во нашите краишта.

 

Можете да го користите за јакнење на крвта и имунитетот а со негова консумација ќе го надополните недостигот од минерали и витамини во организмот на целосно природен и здрав начин.

За подготовка на овој природен лек вам ви се потребни:

1 кг џем од кисели јаболчиња

200 г црно семе (црн ким, Nigella sativa)

200 г ленено семе

200 г сусам

50 г куркума

Подготовка:

Во електрична мелница за кафе смелете ги семињата. Вака добиената мешавина соединете ја со џемот и куркумата. Смесата мешајте ја доволно долго додека состојките убаво и рамномерно да се распоредат. Оставете да отстои неколку дена (1-2 дена), и лекот е подготвен за употреба.

Употреба: по една до две супени лажици секојдневно, пред појадок.

Смесата е осмислена за јакнење и чистење на организмот и крвта и третирање на бројни медицински состојби на природен начин.

Можете да ја користите и за проблеми со црниот дроб, негово чистење и регенерација, за јакнење на имунитетот, за подобрување на крвната слика и проблеми со анемија, за подобрување на дигестијата, опстипација, како и за регулирање на холестеролот и триглицеридите.

Џемот од јаболка е познат како природно средство за подобрување на работата на цревата, крвта и зголемување на железото кај луѓе со анемија. Јаболковиот џем помага при регулација на шеќерот во крвта и работата на штитната жлезда.

Мешавината од семки позитивно влијае врз чистење на цревата и црниот дроб. Семињата се преполни со минерали кои ќе го зајакнат вашиот имун систем, а корисните масни киселини ќе го регулираат нивото на холестерол и триглицериди.

Смесата е преполна со: калциум, железо, бакар, протеини и мононезаситени масти од сусамот, витамини а особено Б комплекс, па магнезиум, калциум, железо и бакар од црното семе како и омега 3 масни киселини од лененото семе.

Куркумата е најпознатиот индиски зачин и природен лек низ историјата. Тоа е златно-жолт прав кој се добива од корен, кој му ја дава жолтата боја на прочуениот зачин-карито.

Најзначајните ефекти од куркумата се нејзиното антивоспалително и антиканцерогено дејство.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Моќен сок за имунитет и слабеење: Исфрла од телото се’ што штети!
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Се потите и кога надвор е ладно? Тоа укажува на нешто опасно!
Домашен 100% природен лек за кандида
Само овој пијалок може да ви го намали крвниот притисок
5 причини зошто не можете да ослабите
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.