МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина

Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина

четврток, 04 април 2019, 15:08ч.   |   Xh.I.

Телата на мајката и двете ќерки целосно изгореле во трагедијата која завчера се случи на Солунска глава, а телото на таткото, односно пилотот што го управуваше авионот е изгорено до половина, дознаваме неофицијално. Надлежните на местото на несреќата при увидот затекнале страшна глетка. Она што официјално се знае е дека идентификација на телата ќе се прави со ДНК од нивни блиски роднини.

Георги Ангелов Бошнаков (1970), Гергана Бошнакова Георгиева (2005), Билјана Бошнакова Георгиева (2000) и Калина Корнајева Цонева (1972) загинаа при падот на авионот „цесна" П210Н на 80 километри од Скопје, на планината Јакупица во близина на врвот Солунска Глава.

Бошнаков беше шеф на одделот за примена и одржување на информатичката технологија во Агенцијата за регистар. Авионот полетал од Охрид за Софија, а во 16,16 часот се прекинуваат врските со контролата на летање.

Авионот со германски регистрации бил во сопственост на Георги Бошнаков.
 

© ЖУРНАЛ    ~260,88

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.