МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Култура
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман

Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман

четврток, 04 април 2019, 15:43ч.   |   L.E.

Издавачката куќа „Арс Ламина" и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски" распишаа прв конкурс за новата книжевна награда „Пегаз" за најдобар необјавен роман на годината.

 

За наградата може да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма, по електронска пошта: pegaz@arslamina.com.

 

Конкурсот ќе биде отворен до 15 мај 2019 година, а ракописите ќе ги оценува тричлено стручно жири. Како што соопшти издавачката куќа „Арс Ламина", наградата „Пегаз" за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината" што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски".

 

Во 2019 година литературната манифестација „Роман на годината“ одбележува голем, дваесетгодишен јубилеј. Токму поради влијанието што оваа награда го изврши врз квалитативниот скок на македонската романсиерскa продукција, Фондацијата „Славко Јаневски" и издавачката куќа „Арс Ламина" го почнуваат овој заеднички проект на воспоставување уште една награда за роман на годината, овојпат за необјавен роман за деца или возрасни, сметајќи дека на тој начин ќе се овозможи уште поголем квалитет на овој специфичен литературен жанр, велат од „Арс Ламина".

 

Минатогодишната добитничка на наградата роман на годината, Фросина Пармаковска, верува дека ваквиот начин на промоција на необјавени романи на млади автори, е одличен поттик за творење, а со тоа и привлекување на читателска публика, која за среќа е се почесто ориентирана кон домашните автори.

 

Наградата се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција најдоцна во септември 2019 година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина" може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

© ЖУРНАЛ    ~49,17

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Отворен павилјонот на Северна Македонија на годинашното Биенале во Венеција
Изведба на четири монодрами пред утрешното завршување на „Битола 2019“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.