МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Економија
Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за измените и дополнувањата на Законот за Народна банка

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за измените и дополнувањата на Законот за Народна банка

среда, 03 април 2019, 15:16ч.   |   L.E.

 Со иницијативата се бара вработените во Народната банка да не бидат третирани според Законот за административни службеници, бидејќи според иницијаторот, тој закон не е применлив затоа што централната банка ја сведува зависна од извршната власт.

USTAVEN-SUD-1-700x433Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови не поведе постапка по иницијативата поднесена на членовите 4 став 2 и 27 став 2 од Законот за административни службеници и членовите 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, која е поднесена од поранешниот гувернер Димитар Богов.
Намерата, како што е наведено во иницијативата, е вработените во Народна банка да не бидат под капата на Закон за административни службеници, туку да се третираат по Законот за работни односи.

Според иницијаторот, оспорените одредби не обезбедуваат правна сигурност и целосна заштита на самостојноста на Народната банка како принципот на владеењето на правото.
На овој начин, како што е посочено во иницијативата, е ограничена самостојноста на работењето на Народната банка, бидеќи му се одзема правото на гувернерот да води кадровска политика. Исто така со оспорените законски одредби е направено нарушување на административната, финансиската и управувачката самостојност на Народната банка, со тоа што на Советот на НБ му се одзема правото да ја утврдува организацијата на НБ, условите за вработување, вклучувајќи ги платите и надоместоците на предлог на гувернерот.
Оспорените одредби, според иницијаторот, не се во согласност и со европската регулатива со која се гарантира независноста на централната банка. Имено, направена е повреда и нарушување на принципот на независност на Европската централна банка и на Централните банки во европскиот систем на централни банки, чија основа е утврдена со договорот на функционирање на ЕУ и статутот на Европската централна банка.
Уставниот суд оцени дека оспорените одредби од законите не се во спротивност со Уставот и не ја загрозуваат самостојноста на Народната банка.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.