МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Еве како ќе изгледа новиот iPhone

Еве како ќе изгледа новиот iPhone

вторник, 30 април 2019, 14:41ч.   |   L.E.

По неколкумесечни шпекулации и извештаи “протече” наводниот финален дизајн на телефон за оваа година, кој ќе се појави под ознаката на iPhone XI.

Станува збор за 360-степени рендер видео. Кратко потоа, се појавиле и фотографии кои покажуваат како еден до друг изгледаат големиот iPhone XI Max и регуларниот iPhone XI.

Дури три задни камери

Уште од доаѓањето на iPhone 7 Plus во септември 2016 година, најскапиот iPhone уред доаѓа со две задни камери. Но, дефинитивно трендовите се такви да се вградат голем број на задни камери, од кои некои имаат многу посебни функции. Apple ќе се приклучи на овие трендови, а оваа година за прв пат ќе имплементираат три задни камери. Засега сигурно е дека ќе се добие топ модел, iPhone XI Max.

Се очекува овој телефон да има три задни камери, од кои едната ќе биде со “супер-широк агол”. Сите камери ќе бидат поставени во квадратниот модул, кој ќе се може да се види на задната страна од телефонот. Засега, нема премногу информации, но некои гласини велат дека новите сензори ќе пристигнат со добро познатата резолуција од 12 мегапиксели./denar.mk

Се очекува дека со оваа камера ќе се најде уште и примарен сензор, но и телефото сензор, за кој се очекува дека исто така ќе има резолуција од 12 мегапиксели. Во зависност од бојата, ќе се менува и бојата на стаклото на телефоните, но сензорите секогаш околу себе ќе имаат некое црно стакло.

Без промениод напред, подобрена селфи камерата

Се очекува телефоните да го задржат истиот дизајн на предниот дел, што ќе биде трета генерација по ред, по iPhone X и iPhone Xs моделите. Се очекува iPhone XI Max да има добро познат 6,5 инчен OLED дисплеј, со огромен засечок на горниот раб. Според некои извештаи, можно е засечокот да биде минимално намален, но рендерите покажуваат дека и понатаму е многу голем и изразен.

Покрај тоа, Apple наводно подготвува понапредна верзија на Face ID механизам за препознавања лица, што ќе им овозможи на корисниците да го отклучат својот телефон и во ситуации кога го држат многу блиску до себе. Исто така, Apple планира да ја подобри селфи камерата по четири години користење на истата 7 мегапикселна предна камера. Оваа година, Apple се очекува да се обиде да направи чекор поблиску до конкурентите со подобрен сензор од 12 мегапиксели. Нема најава дека таквата камера може да има некој напреден автоматски фокус, како што е со Galaxy S10 телефонот.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.