МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Авто
VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.

VW со загуба од 3.000 евра ќе го продава I.D.

вторник, 30 април 2019, 14:37ч.   |   L.E.

Целосно електричниот хечбек модел I.D. кој е само еден во низата електрични автомобили најавени од страна на Volkswagen ќе се продава со 3.000 евра загуба, пренесуваат некои германски медиуми.

Volkswagen на 8 мај е започне со примање на нарачките за овој модел кој во слободна продажба ќе се појави на почетокот на следната година по цена од 30.000 евра. Германскиот Auto Motor und Sport пишува дека VW на почетокот од секој продаден I.D. ќе бележи загуба од 3 илјади евра, а оваа загуба со текот на годините постојано ќе се намали.

Основната верзија на електричниот хечбек, Volkswagen ID ќе чини 29.990€, а ова го тврди списанието од Германија, „Auto Motor und Sport“, а се повикува на своите извори од концернот. Информацијата се совпаѓа со соопштението на компанијата дека цената на првиот целосно електричен модел нема да ја надмине таа на сличен дизел автомобил (за споредба Golf 2.0 TDI ќе чини 29.990).

Според пресметките во 2025 година платформата MEB ќе донесе поголема заработувачка отколку што носат автомобилите со мотори со внатрешно согорување.

Продажбата на електромобилите со загуба не е невообичаена за индустријата. Според зборовите на покојниот Серџо Маркионе, цената на Fiat 500e е повисока од продажбата цена со 14.000 долари. General Motors признава дека губи по 9.000 долари од секој продаден Chevrolet Bolt.

Volkswagen ќе почне да прима нарачки за ID во текот на мај. Хечбек серијта ќе биде достапна со батерија со капацитет од 62 киловати, а подоцна со 48 и 82 киловат часови батерии. Хечбекот ќе се напојува со електромотор со моќност меѓу 170 и 204 коњски сили.

I.D. Neo како што е целосниот назив на овој автомобил, ќе поседува еден електромотор со моќност од 170 КС и погон на предните тркала. Автономијата се очекува да изнесува околу 450 км, додека моделот со батерија од 48 kWh би требало да има автономија од околу 300 км. Ова ќе биде првиот автомобил на VW кој влегува во производство, а доаѓа од фамилијата на електрични I.D. автомобили./24auto.mk

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.