МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Видео Apple iFlex: Првиот iPhone на преклопување кој станува iPad mini

Видео Apple iFlex: Првиот iPhone на преклопување кој станува iPad mini

понеделник, 29 април 2019, 14:06ч.   |   L.E.

По чекорите на својата конкуренција, и Apple наскоро планира да претстави смартфон на преклопување..

Пред проблемите со Galaxy Fold, корејска фирма направи мало истражување и откри кои компании во блиска иднина би претставиле свој смартфон на преклопување. Меѓу нив се најдоа  Huawei, LG, Oppo Xiaomi, Vivo, Motorola, па дури и Microsoft. Последното име на листата беше Apple, со iPhone на преклопување кој би требало да биде претставен следната година. Се разбира, поради проблеми на Samsung со нивниот уред, ваквите планови на другите компании може да бидат пролонгирани.

И покрај тоа, деновиве се појави видео од потенцијален iPhone на преклопување, наречен iFlex. Слично како Galaxy Fold, уредот се преклопува внатрешно. Има систем од четири камери на задната страна, вклучувајќи Time-of-Flight сензор. Надворешниот дисплеј ќе биде 5.4 инчен со сооднос од 16:9. Кога ќе биде отворен, панелот достигнува големина од 7.9 инчи со 4:3 сооднос.

Доколку ваквите димензии ви звучат познато, тоа е поради тоа што станува збор за истата големина со која доаѓа Apple iPad mini. Токму поради тоа, најверојатно iFlex смартфонот кога ќе се отвори станува таблет - iPad mini./gsm.mk

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.