МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Здравје
7 видови на храна кои полека ви го убиваат мозокот

7 видови на храна кои полека ви го убиваат мозокот

понеделник, 29 април 2019, 14:11ч.   |   L.E.

Мозокот е најважниот орган во нашето тело и секој од нас се обидува да се грижи колку што е можно подобро за него. Правилната исхрана е секако еден од начините да се осигурате дека вашиот мозок добро ќе ве служи. За таа цел мора да се потрудите да не консумирате храна која ќе му штети.

Овој вид на храна може да направи да се чувствувате збунети, лошо расположени и бавни во реакциите. Таквиот депресивен мозок не може добро да расудува и може да се случи да продолжите да ја јадете истата храна без да сфатите во што е проблемот.

Кои видови на лоша храна полека ви го убиваат мозокот?
1. Транс масти

Добрата вест е дека не се сите масти лоши за вас. Сепак, овој вид на масти, т.н. транс масти имаат лош ефект на мозокот. Транс мастите можат да се најдат во животинските производи како месото и млечните производи, но и тие не се толку лоши како индустриски произведените транс масти со коишто се полнат пакуваните производи.

Попознати како хидрогенизирано масло се наоѓаат во маргаринот, купечките печива, чипсови и крекери, конзервирани оброци и кремасти пијалаци, овие масти го зголемуваат ризикот од Алцхајмер и деменција.


2. Пијалаци со многу шеќер

Газираните сокови, спортските напитоци, па дури и овошните сокови, сите немаат скоро никаква нутритивна вредност. Овој зголемен внес на шеќери може да доведе до ризик од дијабетес, висок крвен притисок, висок холестерол, Алцхајмер и деменција.

Фруктозата во големи дози може да предизвика намалена способност за учење, намалена меморија и функција на мозокот и намалено формирање на нови неврони во мозокот.


3. Рафинирани јаглехидрати

Ова се производи од процесирани житарки. Тие можеби немаат благ вкус, но кога се консумираат се разложуваат во шеќери и го имаат истото дејство врз мозокот како да јадете чист шеќер.

Постарите личности коишто консумираат повеќе од 58% од дневните калории преку рафинирани јаглехидрати се соочуваат со двојно поголем ризик од ментални нарушувања и деменција за разлика од оние кои јадат цели зрна, овошје и зеленчук.


4. Преработени и пакувани прехранбени производи

На преработените и пакуваните производи при процесот им се отстрануваат важните прехранбени својства од производите и им се заменуваат со сол, масти и шеќери.

Ова е познато како Западна диета и е причината зошто најголем дел од Американците патат од преголема тежина. Овој вид на исхрана создава акумулирање на мрснотии околу виталните органи, а тоа се поврзува со оштетувањето на мозочното ткиво и намалувањето на волуменот на мозокот.




5. Алкохол

Хроничното консумирање на алкохол го смалува мозокот и ги попречува невротрансмитерите коишто ги користи тој за комуникација. Алкохоличарите, исто така, се соочуваат и со недостаток од витамин Б1 што може да доведе до развој на Корсаков синдром, односно губење на меморијата, конфузија, немир и повремен загуба на видот.


6. Риба со високо количество на жива во себе

Генерално, рибата е здрав додаток во исхраната, но некои видови на риба имаат високо количество на жива во себе, којашто е тежок метал, загадувач и невролошки отров.

Рибите коишто имаат подолг животен век и се хранат со други риби, имаат поголема концентрација на жива во нивното месо. Затоа ограничете го консумирањето на туна и останатите големи предаторски риби.


7. Аспартам

За жал, не можете да ги избегнете негативите последици од внесувањето на премногу шеќер со тоа што ќе го замените со вештачки засладувач. Аспартамот се поврзува со проблеми во однесувањето и меморијата, а како хемиски состав може да предизвика одложени ефекти на способноста за учење и регулирање на емоциите.

Една студија заклучила дека по само 8 дена консумирање аспартам испитаниците покажале послаби резултати на менталните тестови и се чувствувале повеќе изиритирани и подепресивни. Друга студија покажала дека луѓето што пијат сокови со вештачки засладувач имаат зголемен ризик од деменција и мозочен удар.

7-vidovi-na-hrana-koi-poleka-vi-go-ubivaat-mozokot (10).jpg

Како заклучок, намалете ги што е можно повеќе овие типови на прехранбени производи во вашата исхрана и ориентирајте се кон зрнести житарици, свежо овошје и зеленчук.

Ќе почувствувате леснотија во размислувањето и функционирањето на мозокот.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.