МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја..
ЕУ земјите со зелено светло само за Северна Македонија
Северна Македонија за 23 места го подобри рејтингот на Глобалниот индекс на мирот, со..
Сведок тврди дека се прислушувало од канцелариите на директорот на УБК и началникот н..
Авто
Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила

Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила

понеделник, 29 април 2019, 14:00ч.   |   L.E.

Доставните возила обично не се ѕвезди на автомобилската сцена. Транспортерите повеќе се тивки херои во мобилното секојдневие и јавноста ги забележува само кога ќе паркираат во втор ред и го блокираат сообраќајот. Производителите сепак им се радуваат на своите „лесни доставни возила. Renault лани постигнал удел од 14,9 проценти на европскиот пазар. Следната цел е овој успех да се пренесе и на целиот светски пазар.

Французите лани продале 620.000 доставни возила или за 34% повеќе отколку во 2017 година. До 2050 година, транспортот на стока ќе се зголеми четирипати. Така беше соопштено при претставувањето на освежените моделски годишта на Renault Trafic и Master во Париз. Заедно со јапонските партнери Mitsubishi и Nissan, Французите поставуваат цел да станат светски лидер во овој сегмент и да продаваат повеќе од 2,5 милиони возила годишно.
New photo by Automedia MK / Google Photos

Како и обично, кинескиот пазар има решавачка улога. Компанијата Jinbei беше основана во 2017 година, заедно со Brilliance. Без кинескиот партнер, порастот во ланската продажба ќе изнесуваше само 0,9 процент. До 2022 година, Renault и партнерите ќе изградат понуда од седум модели на доставни возила за кинескиот пазар. Три од нив ќе бидат со погон на струја. Освен од Кина, има големи очекувања и од јужнокорејскиот пазар.

Master е првиот транспортер на Renault што стартува во Кина. Во меѓувреме се разгледуваат можности за старт и на пазарот во Индија, кадешто француската марка има впечатливо пазарно присуство со своите патнички автомобили.
New photo by Automedia MK / Google Photos

Renault е лидер во Бразил, Мексико, Колумбија и Аргентина. Пикапот Duster Oroch од аргентинска продукција е најпродаван модел во класата, а од неодамна се продава и специјална изведба на Renault Kangoo за локалниот пазар.

Во Европа, прв на ред е планот Mitsubishi да ја користи платформата на Trafic за сопствено доставно возило, што ќе се произведува во Франција. Голем нагласок се става и на електричниот погон кај доставните возила. Покрај E-Master, до 2022 година ќе се понуди и верзија со погон на струја од Trafic, а за крајна достава во урбани средини се планира EZ-Flex. Десет примероци од овој електромобил управуван од автопилот наскоро стартуваат со тестирање во секојдневни услови на користење во Франција.
 

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Во интерес на корисниците: Facebook најави клучен редизајн на мобилната апликација
Конечно седан во понудата – Citroen ќе го претстави во 2021
Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија!
BMW сподели информации за Series 8 Gran Coupe
Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021
Audi со нов прототип на водородни горивни ќелии
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.