МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Занимиливости
Велигденски рецепт: Украсете ја трпезата со оваа вкусна и колоритна гнездо- салата

Велигденски рецепт: Украсете ја трпезата со оваа вкусна и колоритна гнездо- салата

недела, 28 април 2019, 11:52ч.   |   L.E.

Украсете ја велигденската трпеза со оваа вкусна и колоритна гнездо- салата…

Потребно е:
200 г сварено пилешко бело месо
200 г шампињони
1 главица кромид
2 варени јајца
2 кисели краставички
100 г мајонез
100 г кашкавал
1 китка магдонос
3 јајца од потполошка
1 чаша (од 180 мл) кисела павлака
сол, по вкус
малку масло
2 кесички чипс-стапчиња

Подготовка:

– Исечкајте ги кромидот и печурките и кратко испржете ги на малку масло.

– Сварете го пилешкото месо во солена вода, оставете го да се излади и потоа ситно исечкајте го.

– Во еден сад ставете ги сечканото пилешко месо, мајонезот, ситно сечканите краставички, изренданите варени јајца, изренданиот кашкавал и ситно сечканиот магдонос. Посолете по вкус. Убаво измешајте.

– На чинија ставете ја целата смеса и обликувајте ја како купола. Одозгора ставете ги пропржените печурки со кромид, формирајте ја смесата во облик на гнездо и премачкајте ја со разматена павлака. Одозгора ставете чипс-стапчиња.

– Најодозгора направете вдлабнатина и наредете листови магдонос. На средина ставете ги трите сварени и излупени јајца од потполошка.

извор:курир.мк

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
Најбогатиот човек на светот го има рецептот за среќен живот – поставете си ги овие 12 прашања
Учител од Кенија освои награда за најдобар наставник од 1 милион долари и скоро сите пари ќе ги даде на сиромашните
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.