МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Економија
МЗШВ: По изборите нови огласи за давање земјоделско земјиште под закуп

МЗШВ: По изборите нови огласи за давање земјоделско земјиште под закуп

недела, 28 април 2019, 11:47ч.   |   L.E.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека работи на подготовка на нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, кои ќе бидат објавени по завршувањето на изборите за претседател на државата и за избор на градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село.

Се работи за јавни огласи за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари, во повеќе региони во државата, соопштија од Министерството. 

На јавните огласи земјоделците ќе може да конкурираат за добивање на државно земјоделско земјиште за земјоделска обработка на едногодишни и повеќегодишни земјоделски култури.

На огласите е планирано да се објави  вкупна површина од  над  15.000 хектари во повеќе региони и тоа: Битола, Валандово, Виница, Велес, Делчево, Демир Хисар, Гевгелија, Крива Паланка, Кичево, Куманово, Кавадарци, Кочани, Крушево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Тетово, Струга, Охрид, Прилеп, Штип и други региони.

Истовремено МЗШВ ќе го објави и вториот јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари за вкупно земјоделско земјиште од над 1.500 хектари. Овој оглас ќе биде со намена  реализација на проект за подигање на земјоделски насади и изградба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи во повеќе региони и тоа: Штип, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Свети Николе, Гази Баба, Валандово, Кавадарци, Прилеп и други региони.

За правните и физичките лица сопственици на оранжериите и помошните објекти во функција на оранжеријата кои не го искористиле правото да го откупат земјоделското земјиште во државна сопственост МЗШВ го подготвува третиот јавен повик за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжериите на кој се дава можност сопствениците на оранжеријата и помошните објекти да го купат земјоделското земјиште во државна сопственост определено како технолошка целина на оранжеријата.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.