МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Шоубиз
Бар Рафаели затајувала данок, треба да плати милиони

Бар Рафаели затајувала данок, треба да плати милиони

четврток, 25 април 2019, 14:38ч.   |   L.E.

Израелскиот супермодел Бар Рафаели, поранешна девојка на Леонардо ди Каприо, треба да плати неколку милиони долари на државата, оти не плаќала данок во 2009 и 2010 година кога живеела во Америка, пишуваат израелските медиуми. Рафаели на суд тврдела дека во тој период била во сериозна врска и дека живеела во САД со ДиКаприо. Вели дека тогаш не била жител на Израел и затоа не ѝ должи пари на државата.Во кривичниот случај Рафаели е обвинета дека сокрила повеќе од шест милиони долари приход од 2009 до 2012 година. Таа на даночните службеници во САД им рекла дека живее во Израел, а на израелските дека живее во Америка. Во тоа време, таа наводно купувала и издавала станови во Израел.

Освен заради затајување данок, Рафаели и нејзините родители се соочуваат со обвинение за перење пари и проневера. Рафаели е обвинета дека сокрила два милиони долари приход од 2005 година до 2007 година, дека примала луксузни подароци, дека можела да користи луксузни возила во замена за публицитет на компанијата и дека тоа не им го пријавила на даночните службеници.

Нејзината мајка е обвинета дека затаила милион долари приход кој го остварила додека работела како агент на нејзината ќерка.

Извор:/Reporter.mk.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.