МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Економија
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар

Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар

четврток, 25 април 2019, 14:03ч.   |   L.E.

Тркалезната маса на тема „Бизнисите, невладините организации и младите: механизми за интеракција„ организираше денеска во Тетово, здружението „Мултикултура“.

Целта е да се сретнат заедно претставниците на бизнис секторот, претставниците на невладните организации, учениците и студентите за да разговараат заедно  и да развијат мехнизами за соработка во овие сектори, посочуваат организаторите.

„Од една страна претставниците на бизнисите кажуваат колку младите се подготвени за пазарот на трудот и колку тие реално имаат потреба за ангажирање на студенти за вршење практична работа, а од другата страна студентите кажуваат за проблемите што тие ги наоѓаат кога се ангажираат од некој во бизнис секторот. Какви квалификации се потребни за да се надоградат младите и што е улогата на младинските организации во овој случај е фокусот на денешната тркалезна маса. Исто така ќе се генерираат идеи за тоа како може бизнис секторот да поддржи иницијативи за промени во општеството“, изјави Арлинда Илјази извршен директор на „Мултикултура“.

Што повеќе практична работа за студенти во производствените фирми ќе значи оформување на тој стручен кадар што постојано недостига, потенцира Алмир Кучлар, претставник на фирмата „Фриготехника 2000“ од Тетово.

„Релативно по дејноста што ја вршиме ние се соочуваме со недостиг на работна сила, значи со квалификуван кадар, дали образованието не може да ни го пружи или нема доволно квалификувани во нашата бранша, се занимаваме со индустриско производство. Така што во овој сектор се соочуваме со реален дефицит на работна сила. Да се организира што повеќе практична работа за студенти, тоа најмногу ќе придонесе за добивање на овој профил“, истакна Кучлар.

Оваа активност се организира во рамките на проектот „Моќта на младинскиот глас во полошкиот регион„ спроведуван од „Конект“ во партнерство со Фондација „Аполонија“ и Центар за даночна политика поддржана од програмата „Промени за одржливост„ финансирана од Европска Унија.
Извор:/kapital.mk

© ЖУРНАЛ    ~51,17

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.