МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Македонија
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата

Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата

четврток, 25 април 2019, 14:25ч.   |   Xh.I.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која се разговарало за повеќе актуелни теми, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и очекувам од владата, но и од останатите институции да преземат активности со кои што ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, изјави Османи.

Тој додаде дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаат на стабилните меѓуетнички односи, кои претставуваат плод на долгогодишен труд и внимателно однесување.

„Во моментов меѓуетничките односи се стабилни и цврсти и на тоа сме особено горди, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување“, истакна Османи.

На средбата се разговарало и за можностите за остварување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, со кои би се утврдила објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите, како мериторен начин за одредување на објективноста и неселективноста во работата на судовите. Проектот предвидува стручна статистичка анализа, каде предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, при што би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка корелација соодветно на етничката припадност на обвинетите.

Овие проекти, како што се додава во соопштението, имаат исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судската фела во современите општества, како основа за решавање на овие прашања објективно и без предрасуди.

На средбата било изразено задоволство од начинот на кој е организиран и спроведен првиот круг на изборите, но и очекување дека овој успех ќе се повтори и во вториот круг, со што изборите во целост ќе ја рефлектираат демократската и политичка зрелост на државата.
 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.