МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Македонија
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места

Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места

четврток, 25 април 2019, 14:23ч.   |   Xh.I.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски денеска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека побарал повлекувањe на неговите роднини од работните места за кои Државната комисија за спречување корупција "наоѓала некакви индиции”, иако, пишува дека немал право на тоа оти не влијаел за нивните вработувања.

“Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука”, напиша Кирацовски.

Антикорупциска комисија вчера утврди дека кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери имало измени на актите за вработувања и тие не одговaрале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен. Конкретно, во случајот со Кирацовски, комисијата утврди дека бил „штелуван“ огласот за вработување на неговата сестра во Централниот регистар и на мајката на неговата сопруга во ученичкиот дом Мирка Гинова во Битола.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев синоќа по одлуките на Државната комисија за спречување корупција, рече дека“директно испраќа наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се”.
 

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.