МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Која е главната функција која му недостасува на Galaxy Fold?

Која е главната функција која му недостасува на Galaxy Fold?

четврток, 25 април 2019, 13:44ч.   |   L.E.

И покрај негативниот публицет кој го добива, сепак не треба да заборавиме дека Galaxy Fold е револуционерен телефон со низа моќни карактеристики, но и неколку недостатоци.

Galaxy Fold е дефинитивно револуционерен уред со моќни перформанси и еден вид на комбинација меѓу смартфон и таблет. Во однос на хардвер, во Galaxy Fold ќе го најдете само најдоброто - најбрз процесор,најголема меморија и истиот Super AMOLED панел како кај други Samsung уреди, кој сега се превиткува на пола. Се разбира, како и секој друг уред има неколку помали и поголеми недостатоци.

Како за почеток, недостасува microSD картичка, како и отвор за слушалки. Од поголемите недостатоци, голем дел од корисниците сметаат дека за толку голем панел е потребно S Pen пенкало за користење. Големиот дисплеј во придружба со пенкало би дал еден нов вид корисничко искуство и уште поголема функционалност и ефикасност при користењето.

Но, постојат неколку причини зашто Galaxy Fold не доаѓа со пенкало. Најпрво, партнерот на Samsung, Wacom, нема дизајнирано S Pen пенкало кое би работело со потенцијален екран на преклопување. Дури и компанијата да ја имаше потребната технологија, со оглед на тоа колку е слаб екранот на Fold, пенкалото би предизвикало само повеќе проблеми.

Како и да е, доколку пробаме да погодиме што не чека од Samsung во иднина, со оглед на брзиот развој на технологијата, наскоро ќе видиме низа нови уреди на преклопување - од нови смартфони, па се до таблети./gsm.mk/

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.