МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Технологија
Lenovo, ZTE и LG наскоро ќе ги претстават нивните 5G смартфони

Lenovo, ZTE и LG наскоро ќе ги претстават нивните 5G смартфони

четврток, 25 април 2019, 13:43ч.   |   L.E.

Производителите на паметни телефони како Motorola и Samsung веќе ги претставија нивните уреди со револуционерната 5G технологија, а сега им дојде ред на компании како Lenovo и ZTE да ги откријат нивните адути во борбата за подобар пласман на пазарот

Како што е најавено, Lenovo и ZTE ќе ги претстават новите уреди до крајот на овој месец, додека LG нешто подоцна ќе го открие новиот модел V50 5G, чија премиера беше одложена поради технички проблеми.

Трката за пласирање на првиот 5G телефон на пазарот е веќе завршена, откако истовремено беа лансирани Samsung Galaxy S10 5G и Motorola 5G Moto Mod for Moto Z3. До крајот на месецов треба да пристигне и вториот бран на 5G смартфони, иако не се знае точно кога ќе се случи тоа и колку добро ќе работат истите.

Кинеските компании Lenovo и ZTE потврдија дека се само неколку дена оддалечени од официјалното лансирање на нивните нови 5G телефони, додека јужнокорејскиот LG мораше да ја одложи премиерата на моделот V50 ThinQ 5G во последен момент, бидејќи се соочија со технички проблеми.

Се очекува дека Lenovo Z6 Pro ќе биде претставен денеска (23 април). ZTE, кој нема да има американска премиера поради тоа што е забранет во САД, исто како и Huawei, би требало да го претстави новиот смартфон во текот на оваа недела или во првите неколку дена од месец мај.

Сите од горенаведените три смартфони имаат врвни перформанси и најсовремени процесори, како што е Qualcomm Snapdragon, кој е способен за да ја поддржи најмодерната мобилна мрежа во светот – 5G.

Извор: kajgana.com

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Фејсбук редизајн: Еве како ќе изгледа News Feed
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.