МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Регион
Српски научник пронајде лек за рак

Српски научник пронајде лек за рак

понеделник, 22 април 2019, 12:04ч.   |   Z.H.

 Српскиот научник Владимир Цмилјановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек за рак, пренесуваат деновиве спрските медиуми.

 
Србија ќе биде земјата која заедно со Швајцарија прва ќе го добие лекот. Откритието на Цмилјановиќ и на неговата сестра предизвика револуција во класичното лекување на заболените од рак затоа што лекот „“бимиралисиб“, кој е прозвод на српскиот научник, се покажа ефикасен во борбата со одредени видови тумори како што е најагресивниот рак на дојка и ракот на лимфните жлезди. Освен тоа, супстанцијата која се наоѓа во лекот продира во мозокот, па постои надеж за третман и на одредени ракови на мозокот, додека типичната апликација во форма на крема или гел е ефикасна во брорбата со одредени тумори на кожата.
 
Поради ова откритие Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, а неговите изуми ги призна целиот свет. Лекот „бимиралисаб“ ги уништува болните клетки, а ги штити здравите, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува и канцерогените и здравите клетки и со соборува инмунитетот на и онака исцепните пациенти. Моментално лекот е во втора фаза од испитувањето, а предвидени се три фази.
 
Покрај тоа, Цмилјановиќ руши и еден стереотип врзан за лечењето луѓе болни од рак, а тоа е дека во терапијата на болните од рак се вклучува посебна диета за да се убиваат канцерогените клетки, меѓутоа Цмилјановиќ на своите пациенти им советува да јадат здрава храна – од овошје до зеленчук и месо.
 
„И не само тоа. Професорот Луис Кентли од Харвард открива дека комбинацијата од нашиот лек и Аткинсоновата диета има подобри ефекти. Тоа сега во Америка се тестира на пациенти. Аткинсоновата диета подразбира јадење секаква храна, освен храна со многу шеќери и јаглехидрати како што се тестенините, колачи и торти“, вели Цмилјановиќ.
 
Според него, овој лек го користеле негови пациенти ширум светот, но и луѓе од БиХ и од Србија.
 
„Србија сигурно ќе биде првата земја заедно со Швајцарија која ќе ги добие сите наши изуми и лекови. Моментално интензивно работиме со нашата влада, претседателот, премиерката и министрите за нашите исуми понатаму да се унапредуваат во Србија и да имаат корист нашите пациенти. Државата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение“ додава тој во интервју за српски Телеграф.
 
Цмилјановиќ вели дека не соработува со ниедна фармацевтска куќа, туку отворил своја компанија. „Нашите швајцарски ракети се нова технологија во борба против ракот, со кои сакаме буквално да ги истребиме поагресивните форми на рак. Србија и српските онколози ќе имаат голема улога во тоа“ порачува Цмилјановиќ.
 
Тој е роден во Крагујевац каде како тинејџер играл ракомет за јуниорската репрезентација. Започнал да студира хемија кога се случи бомбардирањето по што заминува во Германија и таму ги продолжува студиите. Таму го запознава швајцарскиот магнат, сопственик на фирмата “Давивов“ Ернс Шнајдер кој воедни бил и пвр човек на ракометниот клуб. Ми нуди финансирање на студиите за да го води клубот. Тој ја прифаќа понудата. На факултет запознава уште еден човек кој е заслужен за неговата денешна позиција, а тоа е професор Бен Гизе, еден од најдобрите светски хемичари чија сопруга се разболела од рак и тој сите ресурси ги насочил кон пронаоѓање лек за оваа болест. Заедно со Цмиљановиќ  почнуваат да работат на нов ензим, на липидна киназа, со намера да го променат начинот на лекување на пациентите болни од рак. Цмиљановиќ заедно со неговата сестра Наташа, која исто така е хемичар, открива нова супстанца која е главен производ на неговата фирма Piqur.

© ЖУРНАЛ    ~216,74

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Хаос во ТВ студио: Професор и новинар за малку ќе се испотепаа, водителот ги раздвојуваше (ВИДЕО)
Гледате ли нешто погрешно - поради ова забрането е фотографијата на оваа матурнтка да се најде на табло
Српски научник пронајде лек за рак
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.