МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Занимиливости
Еве како да ги остварите вашите соништа

Еве како да ги остварите вашите соништа

недела, 21 април 2019, 16:00ч.   |   L.E.

Вие сте креативни, полни со ентузијзам и подготвени. Вие имате соништа и планови за успех. Но, иако имате сѐ што е потребно, некако се чувствувате дека не знаете како да ги остварите и од каде да почнете.

Ангела Ли Дукворт вели дека не се работи за талентот, остроумноста, изгледот или коефициентот на интелигенцијата, туку вашата посветеност на вашите страсти. Таа посветеност е она што ве спречува да се откажете.

Не постои некој конкретен научен метод за да ја развиете посветеноста, но сепак можеме да ви дадеме неколку совети како да почнете да дејствувате и да ги остварите вашите соништа.

Листа со приоритетни цели

Ако имате големи соништа, сигурно имате многу соништа. Но, не е возможно одеднаш и истовремено да тргнете кон остварување на повеќе големи соништа, кои понекогаш можеби и се контрадикторни едни со други. Затоа направете листа со приоритети. Што сакате повеќе? Да станете доктор, да патувате насекаде или да создадете дом? Откријте што е најдобро за вас во овој момент и тргнете.

Запишувајте си сѐ

За да можете да откриете што сакате, запишете ги целите и потоа напишете ги чекорите кои ви се потребни за да стигнете до нив. Најдете време за да запишете сѐ што ќе ви помогне да се фокусирате и да ги утврдите вашите цели.

Определете краткорочни и долгорочни цели

Не можете веднаш да станете доктор. Потребни се чекори за да стигнете дотаму. Определете кои се вашите моментални цели. На пример, ако студирате медицина, замислете си ја вашата крајна цел: работа со пациенти, операции, и сл., но фокусирајте се на вашите краткорочни цели: да го положите испитот, да го напишете трудот, итн.

Истражувајте

Истражувајте без оглед на тоа кој е вашиот сон, патување, да научите да готвите или да добиете унапредување. Истражувајте ги различните можности и како други луѓе ги постигнале тие цели. Разговарајте со луѓе кои оделе по истиот пат. Осигурајте се дека сте информирани за вашиот пат и за чекорите кои ви се потребни за да успеете.

Кажете ДА на нови шанси и можности

Излегувањето од вашата комфорна зона е најдобар начин да успеете во животот. Важен дел од постигнувањето на вашите цели е да излезете од дома и да почнете да правите нешто. Колку повеќе искуства собирате, толку полесно ќе ви биде да ги остварите целите.

Грижете се за себе

Можеби знаете кои се вашите професионални цели, но тие не значат ништо ако не сте среќни и здрави. Едно 75-годишно истражување на Харвард покажало дека тајната на долгорочната среќа е љубовта. Истражувањето покажало дека парите и моќта не се толку влијателни како исполнетите односи и врски со другите луѓе. Но, тоа важи и за љубовта кон самите себе. Не може да бидете во здрави односи со другите луѓе ако и самите немате здрав однос со себеси. Грижата за себе мора да ви биде најголем приоритет, а вашите цели треба да придонесат кон вашата среќа, а не да ве уништат.

Бидете самоуверени!

Потребен е многу труд за да ги остварите вашите цели. Жените во глобала имаат помала самодоверба од мажите и тоа е она што го прави нивниот пат кон успехот побавен. Па така, ако сте жена – запомнете дека е важно да верувате во себе, вашите способности и одлуки. Колку повеќе верувате во тоа дека ќе успеете – толку полесно ќе добивате нови можности!/курир.мк

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
Најбогатиот човек на светот го има рецептот за среќен живот – поставете си ги овие 12 прашања
Учител од Кенија освои награда за најдобар наставник од 1 милион долари и скоро сите пари ќе ги даде на сиромашните
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.