МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Xроника
Трагедија во Куманово - полицаец смртно прегазен со автомобил

Трагедија во Куманово - полицаец смртно прегазен со автомобил

недела, 21 април 2019, 15:43ч.   |   L.E.

Куманово, 21 април- Ноќеска, 45 минути по полноќ 40 годишен маж на регионалниот пат Куманово - Свети Николе возејќи под дејство на алкохол усмртил 37 годишен полицаец, а тешко повредил 25 годишен кандидат за полициски службеник додека ја вршеле својата должност.

37 годишниот В.Ц починал на лице место, додека 25 годишниот А.М во тешка здравствена состојба веднаш бил пренесен во комплексот Клиники Мајка Тереза во Скопје.

По сообраќајката 40 годишниот С.Ј. избегал од местото на несреќата, но бидејќи возел со голема брзина по патот се судрил во возило Шкода, при што се превртел.

По овој удар тој се здобил со телесни повреди, но тешко ги повредил и возачот и сопатникот во возилото Шкода, кое било со кумановски регистарски таблички.

Од МВР велат дека лицето е уапсено и пренесено во кумановската болница, а против него ќе биде поднесена кривична пријава, на местото на несреќата извршен е увид од кумановското јавно обвинителство.

Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош, ,велат од кумановското Јавно обвинителство, од каде е донесена наредба за вештачење и обдукција на телото на починатиот полицаец.

© ЖУРНАЛ    ~79,27

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Синот на Илчо Захариев пронајден мртов
Возило удри во мајка и ќерка кај Трубарево
Починато лице пронајдено во објект во Бутел
НЛБ Банка се огласи по вооружениот грабеж, средствата на нашите клиенти се сигурни
Прегазен пешак во Ново Лисиче, загина на самото место
Актерката Билјана Белицанец најдена мртва
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.