МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Шоубиз
Беше меѓу првите „Гранд ѕвезди“, неговите песни сите ги знаете, а сепак тој исчезна од сцената и започна нов бизнис

Беше меѓу првите „Гранд ѕвезди“, неговите песни сите ги знаете, а сепак тој исчезна од сцената и започна нов бизнис

петок, 19 април 2019, 13:55ч.   |   L.E.

Некои би рекле дека Дарко Филиповиќ се повлече од шоу-бизнисот, бидејќи со години не објавил нова песна, а тој  живее на стара слава, работи со полна пареа, а парите ги инвестира во  недвижности.

„Дарко се ‘уште заработува од песната “Она, она”, која ја објави пред точно 15 години. Секој викенд настапува во земјата и странство, а заработените пари не ги инвестира во нови песни, туку само во недвижности – изјавил за српски “Ало!” еден извор близок до пејачот. Според него, уметникот е мета на критики и од неговите обожаватели и од првиот човек на “Гранд продукција”, чиј ексклузивец Дарко беше.
Многумина го критикуваат, што со години не исфрлил нов хит, за разлика од неговите колеги кои многу инвестираат во песни и видеА. Но, затоа, многумина од нив се’ уште се кираџии. За разлика од нив, Дарко има три апартмани во Белград, а неодамна купи и два апартмани на море во Грција“ – ја раскажува изворот приказната за настаните на семејството Филиповиќ.

Пејачот и неговата сопруга Јасмина и ќеркичката Настја живеат во седмособен стан, додека другите два стана се во српскиот главен град. Апартманите на морето ги реновираат и подготвуваат за претстојната сезона.

По првичниот шок, дека најстрого чуваната тајна, веќе не е тајна, Дарко почна да се смее.

„Вистина е дека купив два апартмани кои се на 15 километри од Солун. Пред само неколку дена дојдов од Грција, каде што бев, за да ги средиме документите со агенциите за ова прашање. Започнува сезоната“ –  ќе рече Дарко и ќе додаде:

„Не сакам да зборувам за она што имам и што немам. Свесен сум дека луѓето сакаат да го пикнат својот нос во туѓите паричници, но никогаш не ме интересирало што прават соседите и што поседуваат. Зад сè што имам е долготрајна и крвава работа. Не ми падна ништо од небото“ – категоричен е Дарко, додавајќи дека и новите песни наскоро ќе бидат готови, бидејќи тој напорно работи на нив.

© ЖУРНАЛ    ~153,51

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Прва слика на водителката откако автобусот и ја „иcкopна“ раката!
Наташа Беквалац: Ми беше љубов 18 години, заспа и повеќе не се разбуди
Теа Трајковска се соблече топлес (Фото)
Даниел Кајмаковски се разведува од сопругата Кристина
Телото на починатата Беличанец го пронашол сопругот во неговиот стан
Пејачот Адријан Гаџа го отвора најскапиот ресторан во Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.