МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Здравје
Вежбање во природа – Совршена алтернатива на кардио вежбите

Вежбање во природа – Совршена алтернатива на кардио вежбите

петок, 19 април 2019, 13:43ч.   |   L.E.

Екстремните тренинзи се важен дел од рутината, ако сакаме да го изгубиме вишокот на килограми, но ако физичката активност е на листата на нашите секојдневни активности, со цел да бидеме здрави и полни со енергија, тренинзите можеме да ги замениме и со некои други, позабавни активности, што можеме да ги комбинираме наизменично со планот на тренинзите во салата за вежбање.

Иако вежбањето е многу здраво и му е потребно на нашето тело, тоа е активност што е најтешко да се засака и да се воведе во вашата дневна рутина.

Познато е дека најефикасни се кардио вежбите, кога станува збор за губење на килограмите, но, исто така, се многу тешки и најчесто се откажуваме од нив.

За физичката активност да стане составен дел од вашиот секојдневен живот, потребно е своите активности да ги направите забавни и да ги прилагодите на вашите желби.

Постојат дури и неколку забавни алтернативи на здодевните кардио вежби, кои ќе му одговараат на нашето тело и ќе се вклопат како здрава навика.

Велосипедизмот е одлична алтернатива за кардио тренингот, во која што можете да уживате за време на викендот.

Во зависност од тоа колку калории сакате да изгубите, создадете рута на движење и уживајте во природата, додека вежбате и губите килограми.

Запомнете дека од суштинско значење е да создадете рута во зависност од својата кондиција, така што колку повеќе вежбате и добивате кондиција, ќе ја зголемувате вашата рута, за ефектот од тренингот да биде поефикасен.

Возењето со ролери е одлична активност за обликување на женската фигура. Ролањето го активира секој мускул, а посебни резултати покажува на вашите нозе и задник. Ова е идеална активност за да се дружите со вашата најдобра другарка.

Со оглед на тоа што убавото време доаѓа, обидете се секогаш кога сте во можност вашиот тренинг да го изведете на отворено, без разлика дали станува збор за трчање во блискиот парк, или возење велосипед во природа.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.