МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Агенцијата за разузнавање доби нов директор
Кој е кој во кабинетот на претседателот Пендаровски?
Ќе се испитува закупот на канцеларии не само кај Иванов, туку и кај сите поранешни пр..
Занимиливости
ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШЕФОВИ: Вработените ги водат на егзотични патувања на сопствен тpoшок, а работата е целосно флексибилна!

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШЕФОВИ: Вработените ги водат на егзотични патувања на сопствен тpoшок, а работата е целосно флексибилна!

петок, 19 април 2019, 13:34ч.   |   L.E.

Мајк Бандер (29) и Џејмс Варди (31) се прогласени за “најдобри британски шефови” благодарение на бенефициите кои ги имаат нивните вработени.

Дигиталното стартап студио “Turn Partners“ во Бирмингем е компанија каде работат многу среќни и релаксирани вработени кои уживаат во шармот на својата работа на еден сосема поинаков начин.

Сопствениците на компанијата овозможуваат долготрајни годишни одмори, а своите вработени ги водат на заеднички патувања и спа третмани. На овие излети, вработените можат да ги поканат и своите партнери, членови на семејството и пријатели.

LADBible вели дека сопствениците на компанијата во февруари оваа година, деветмина свои вработени ги однеле на едномесечен одмор во Гоа и Мумбаи. Тие велат дека сакаат нивниот персонал целосно да ужива во животот и силно веруваат дека среќниот тим ги прави шефовите уште посреќни.

Од време на време, ние сакаме да ги наградиме членовите на нашиот тим со тоа што ќе им овозможиме барем еден месец да избегаат од студеното британско време, вели Мајк за LADBible.

Тpoшоците за патувањето ги покривaaт лично партнерите на компанијата, а иако одморот трае еден месец, вработените можат да дојдат и да си одат кога и да посакаат.

Мајк појаснува дека секој вработен има нeoграничен буџет за годишниот одмор со комплетна слобода да избере каде и како ќе работи. Тој додава и дека секој има слобода да избере на кој проект сака да работи.

Одморот во февруари траел 28 дена, а целиот тим го посетил Бангкок, Чан Маил, Краби и Фи Фи, работејќи во фантастично тајландско окружување.

Една година претходно, тимот отпатувал во Мексико каде што можел да работи на песочните плажи на Плаја дел Кармен.

Се чини дека овој концепт навистина функционира бидејќи вработените се многу среќни. Лук Ланчастер (вработен во компанијата) вели дека не постои подобра мотивација од ова.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
Најбогатиот човек на светот го има рецептот за среќен живот – поставете си ги овие 12 прашања
Учител од Кенија освои награда за најдобар наставник од 1 милион долари и скоро сите пари ќе ги даде на сиромашните
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.