МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Македонија
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на СДСМ „Избори 2019“

Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на СДСМ „Избори 2019“

четврток, 18 април 2019, 14:32ч.   |   Xh.I.

Горан Момировски, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, денеска побара Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство што поскоро да го разјаснат случајот за, како што вели андроид апликацијата на СДСМ „Избори 2019 година" за која има сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓаните.

Момировски, по денешната средба во Обвинителството со надлежната Комисија за мониторинг на евентуални изборни нерегуларности, рече дека бил информиран дека случајот е веќе доставен до Скопското јавно обвинителство и е назначен јавен обвинител што ќе го истражува.

„Бевме сведоци на пренос во живо на социјалната мрежа „Твитер“ како се менуваат хард дисковите на серверот на СДСМ за којшто постојат сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓани што се преземени со апликацијата „Избори 2019“, подготвена од СДСМ. Откако за оваа проблематика разговаравме во Државната изборна комисија, денеска во Јавното обвинителство разговарав со претставници на Комисијата што врши мониторинг на евентуални изборни нерегуларности. Оттаму ни беше кажано дека случајот е веќе доставен до скопското Јавно обвинителство каде што е назначен обвинител кој треба да го истражува овој случај“, изјави Момировски.

Не е направена, дополни Момировски, ниту форензичка истрага за хакерскиот упад во ДИК којшто се случува во истиот период кога СДСМ ја покренува апликацијата „Избори 2019“, пред 15 дена. – Според нашите информации се уште МВР не утврдило како се случил тој напад и дали има поврзаност со апликацијата на СДСМ. Лицето кое во 2016 година било претставник на СДСМ во Комисијата во ДИК и ги прочистувало избирачките списоци, имало пристап до целата евиденција и матичните броеви на граѓаните, е автор на апликацијата преку која што СДСМ собирала информации од граѓаните и ги пренесувала на серверот“, тврди Момировски.

Очекуваме, наведе тој, во најбрз можен рок да се обезбедат доказите, да се истражат состојбите што се случувале, пред се, на серверот на СДСМ, за да се рачисти состојбата.

„Серверите најверојатно веќе се уништени и во нив нема да може да се утврди што се содржело. Доколку се реагираше побргу ќе се утврдеше фактичката состојба. Сите ќе бевме помирни во однос на изборните нерегуларности, но и за други евентуални криминални активности, за жал овојпат од политичка партија на власта, дополни Момировски“, оценувајќи дека случајот ќе влијае на добивањето датум за преговори за членство во ЕУ.
 

© ЖУРНАЛ    ~49,17

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.