МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Здравје
Зошто треба да се јаде млад кромид?

Зошто треба да се јаде млад кромид?

четврток, 18 април 2019, 12:59ч.   |   L.E.

Во него се наоѓаат состојки одлични за нашето здравје. Бидејќи периодов го има насекаде, вистинска штета е да не ги искористиме придобивките за нашето здравје. Богат е со витамини и минерали, има антибактериски својства и штити од воспаленија, а одличен е и за подобрување на варењето.

И зелениот дел од младиот кромид не би требало да го фрлате бидејќи во него се наоѓаат состојки одлични за нашето здравје.

Освен што придонесува за подобар вкус и текстура на оброците, младиот кромид е вистинска ризница на важни нутриенти.

Содржи значајни количини витамин А и Ц, а особено се издвојува по големата содржина на витамин К.

Тука се и витамините Е и оние од групата Б – тиамин (B1), рибофлавин (B2), ниацин (B3), пиридоксин (B6) и фолна киселина (B9). Од минерали содржи калиум, калциум, натриум, железо, фосфор, сулфур, магнезиум, хром, како и некои вредни, а ретко присутни во секојдневните намирници, како селенот, манганот, флуорот и кобалтот.

Кверцетинот е уште една скапоцена  состојка на младиот кромид. Овој растителен пигмент од групата флавоноиди има силно антиоксидативно, антихистаминско и протввоспалително дејство. Како и секој друг зелен лиснат зеленчук, и младиот кромид содржи значителен процент влакна – во 100 г содржани се 2,6 г влакна.

Како и повеќето намирници, младиот кромид има далеку посилни нутритивни вредности и посилно дејство, во сирова форма. Затоа можете слободно да уживате во омилените делови од овој здрав зеленчук, а тоа се веројатно белите главички. Но не ги занемарувајте ниту  зелените перца чиишто нутритивни вредности се дури и поголеми од оние содржани во белите главички.

Тие имаат протввопслаителни својства и антигабични својства, го снижуваат притисокот, а помагаат и при воспаление на грлото. Го намалуваат стресот и чувството на замор.

На пример, во килограм главички од млад кромид има околу 8,5 грама витамин Ц, а во зелените листови околу 38 грама. Во главичките има 0,3 мг каротен (провитамин А), a во зелените листови 1,2 мг. Во главичка млад кромид има 175 мг калиум, а во листовите 231 мг.

Го намалува и ризикот од дијаббетес, а помага и во знижување на нивото на шеќер во крвта. Ги јакне коските, а добар е и за убавината на кожата. Пoради сето ова, но и многу повеќе, навалете и уште денеска за ручек здробете си барем едно цело кромитче во вашата салата.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Ако ви се заглави коска од риба во грлото, веднаш направете го ова
Колкав е рокот на траење на варените јајца
Најдобар детокс на организмот: Го отстранува салото од стомакот и чисти од сите токсини!
Симптоми кои покажуваат дека телото ви е полно со токсини
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина
Што ќе се случи со вашиот организам ако секој ден јадете јајца?
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.