МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Директорката на Детската клиника поднесе оставка
Џанков: Договорот од Преспа отвора перспективи за целиот регион
Жбогар очекува отворање на преговорите со ЕУ
Стоилковски: Владата нема никакви инвестиции во инфраструктурата
Спорт
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед

Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед

среда, 17 април 2019, 09:25ч.   |   Xh.I.

Оле Гунар Солскјер по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“ призна дека Манчестер Јунајтед во овој момент е далеку од нивото на Барселона, клуб кој со години има највисоки аспирации во домашното првенство, но секако и во Лигата на шампионите.

Јунајтед успеа да направи фантастичен пресврт во претходната рунда против ПСЖ, но изминатава вечер тоа беше едноставно невозможна мисија на гостувањето кај Барселона, особено ако се земе во предвид дека кај каталонскиот гигант посебно расположен за игра беше Лионел Меси.

– Направивме одлична работа што стигнавме волку далеку во Лигата на шампионите, но квалитетот на нивната завршница во нападот беше извонредна. Меси е исклучителен талент. Ако му дадете малку простор во близина на голот, или ќе креира шанса, или ќе постигне гол. Станува збор за фантастичен играч, – започна Солскјер кој во продолжение се осврна и за тоа што претстои ова лето, изјава со која дефинитивно ги изненади медиумите, но и фановите на Манчестер Јунајтед.

Многумина очекуваа доста промени во играчкиот кадар претстојново лето, но Оле во својата првата подетална најава за трансфер, порача дека му се потребни едно или две засилувања.

– Знаеме дека многу голема работа е пред нас. Ова нема да се промени преку ноќ, следните неколку години ќе бидат многу важни за нас во обидот да го стигнеме нивот на Барселона и другите најсилни тимови во Европа. Мора да создадеме победничко опкружување и да имаме најдобар можен пристап секој ден. Имаме добри играчи во тимот и направивме добро што стигнавме до четвртфиналето и што се бориме за четвртото место во Премиер лигата. Но, како што реков, пред нас е мало реновирање кое ќе започне со заминување на тренери и играчи, како и со едно или две засилувања во тимот, – порача Оле.

© ЖУРНАЛ    ~148,50

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Перез подготвил изненадување: Реал го нуди Модриќ за ѕвезда од Серија А!?
Де Лихт воодушевен од потегот на Роналдо: Ни докажа дека е фудбалски предатор
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Ракитиќ и Кутињо го напуштаат „Камп Ноу“ поради двајца фудбалери
Изненадувачка изјава по поразот од Барса: Солскјер процени колку летни засилувања му се потребни на Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.