МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Мицкоски: Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ј..
Заев: Да го одбележиме епохалното просветителско значење на Светите Кирил и Методиј, ..
Пендаровски: Делата и поуките што ни ги оставија Светите браќа нè обврзуваат да ..
МАКЕДОНИЈА ДОБИ НОВ АМБАСАДОР НА САД: Сенатот го потврди назначувањето на Кејт Брнс з..
Економија
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото

Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото

среда, 17 април 2019, 11:47ч.   |   L.E.

Скопје, 17 април- Велигденските пости ги поскапеа земјоделските производи. Но и покрај тоа, зелените пазари се преполни, а купувачите се враќаат со полни торби. 

Најдрастичен раст бележат компирот и зелката, единствено цените се пониски кај јагнешкото. Граѓаните се жалат дека веќе е традиција цените да растат во овој период од годината.

И препродавачите се свесни дека цените се повисоки. Се правдаат дека тоа најмногу се должи на временските услови, а очекуваат и дополнителен благ раст на неколку дена пред Велигден.

Кај јагнешкото сликата е обратна. Преголемата понуда ја намали цената. Ако пред еден месец таа се движеше од 380 до 400 денари, сега изнесува 300 до 350 денари. Сепак, сточарите се жалат дека кланиците и месарниците заработуваат на нивниот грб.

Сточарите веќе бара од државата да ги зголеми субвенциите за килограм јагнешко бидејќи откупната цена е пониска од производната цена.

Сепак, ќе мора да почекаат да завршат претседателските избори за да се изнајде решение.

© ЖУРНАЛ    ~79,27

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.