МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Спорт
Невидена мртва трка за титула: Сити има меч повеќе, ама и потежок распоред од Ливерпул!

Невидена мртва трка за титула: Сити има меч повеќе, ама и потежок распоред од Ливерпул!

понеделник, 15 април 2019, 09:17ч.   |   Xh.I.

Манчестер сити и Ливерпул толку ја направија интересна трката за шампионската титула во Премиерлигата, што со години англиската јавност не видела толку интересна сезона во која двата тима буквално се бркаат од самиот почеток.

После триумфот на „црвените“ над Челси со 2-0, на четири кола до крајот, Ливерпул е лидер со 85 бода, два повеќе од Сити, но и еден меч повеќе. И некој би рекол дека сè е во рацете на „граѓаните“, зашто со победа во пет меча секако би биле први со бод повеќе од главниот ривал. Но, не е така, зашто Сити има потежок распоред од Ливерпул, па еден кикс би му ја отспатил круната на Ливерпул, која на „Енфилд роуд“ се чека од 1990 година.

Интересно е што во счучај на ист број на бодови, Сити е во предност поради подобрата гол-разлика (86-22) наспроти таа на Ливерпул (70-20). Само што „црвените“ до крајот немаат ни едно дерби, иако имаат две незгодни пресметки, за разлика од Сити, кој после реваншите во четвртфиналето во ЛШ ги чека уште еден дуел со Тотнем и едно градско дерби со Манчестер јунајтед.

Според распоредот Ливерпул има мечеви со Кардиф (гости) во недела, па дома со Хадерсфилд, па последното сезонско гостување во Њукасл и домашниот меч со Вулверхемптон. Сооглед дека Њукасл нема за што да се бори, Хадерсфилд е испаднат, а Вулверхемптон е во игра само за Европа, „најтежок“ ривал би можел да биде Кардиф, зашто на велшаните им гори под нозе и бркаат бодови за опстанок.

За ралзика од Ливерпул, Сити веќе овој претстоен викенд ги чека третата пресметка со Тотнем, кој пак се бори за место во ЛШ, а веднаш потоа и градскиот дуел со Манчестер јунајтед, исто така тим кој брка бодови за место меѓу најдобрите четири и пласман во европската елита. Ако, Сити успее да ги преживее двата меча, тогаш со една нога би бил првак, сооглед дека ни Барнли, Лестер или Брајтон немаат квалитет за да ги сопрат „граѓаните“. Проблем можда ќе им биде тоа што имаат три гостувања во последните пет меча, но и фактот како ќе го преживеат реваншот со Тотнем дома во ЛШ. Ако бидат елиминирани, самодовербата и емотивната испразнетост може негативно да влијае и на Ливерпул уште повеќе да му го олесни патот кон титулата.

И двата премиерлигаши се во невидена серија на победи, Ливерпул има пет во низа, а Сити веќе девет и нема пораз и загубен бод од крајот на јануари.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Изјава која сите ја чекавме: Како Суарез ја опиша одбраната на Барселона при четвртиот погодок?
Александер Арнолд го објасни лудиот гол од корнер
Откриена тајна клаузула: Познато е каде ќе игра Модриќ!
„Меси плачеше во соблекувалната, не можеше да верува што се случи“
Се објавија детали од договорот на Гвардиола со Јувентус!
Ван Гал смета дека друг играч на Тотенхем е поклучен од Моура: Ги посрамоти Де Лихт и Блинд!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.